Бугарија добива фабрика за автомобили со капацитет од 50 илјади возила!

32

Според последните информации, Кинескиот производител на автомобили Great Wall Motor, во соработка со Бугарската компанија Bulgarian Automotive Industry (BAI), ќе отвори фабрика за производство на автомобили во Бугарија, која треба во 2027 година да почне да функционира и да достигне капацитет од 50.000 автомобили годишно.

Првиот модел кој треба да се стркала од новата фабрика во градот Ловеч е Ora 5, компактен SUV, кој е воедно и еден од најважните нови модели на GWM.

Производството на Оra 5 треба да започне веќе на почетокот на следната година, а сеуште не е објавено која верзија на моделот ќе се произведува во Бугарија.

Да потсетиме, ова е вториот обид на GWM да произведува автомобили во соседна Бугарија.

Првиот обид заврши неуспешно, преку заедничкото партнерство со локалната компанија Литекс Моторс. Фабриката беше отворена во 2012 година, а престана со работа во 2017 година, откако домашната Литекс Моторс доживеа банкрот.

Целта на GWM, како и на повеќето Кинески компании со отварањето на фабриката во Бугарија, секако е преку локално производство да сезаобиколат високите царини со кои Унијата ги штити домашните производители од Азиските конкуренти.

Во старт, фабриката ќе ги докомплетира полуподготвените возила кои ќе бидат испорачувани од Кина, но истовремено, ќе се развива локалниот логистички центар преку кој ќе се обезбеди набавка на делови и компоненти од Европските производители.

Покрај Бугарија, Great Wall веројатно ќе пикира уште некој производствен капацитет, бидејќи до 2029 година, планираат да произведуваат до 300.000 автомобили на територијата на Европската Унија.

Дополнително, во следните две години, се планира лансирање на уште неверојатни 10 нови модели и варијанти на постоечките автомобили со различни погонски единици.

За разлика од порано, кога компанијата главно се фокусираше на електрифицирани модели, сега се планира паралелен развој и на возила со мотори со внатрешно согорување – бензин и дизел.

Сите овие чекори, треба да донесат сериозен прогрес на брендот кој во 2025 година се продаде само во 3.500 примероци, а веќе во следната 2027 година, се очекува бум во продажбата на околу 60.000 возила.

Погледни ја последната епизода на Темпо Магазин :

Реклама