Oваа Skoda чини 9.000 евра!

67

Чешката компанија Skoda, направи фејслифтинг на својот модел Slavia, а новиот модел го позиционираше на пазарот по цена под 9.000 евра!

Станува збор за седанот, кој е за нијанса помал од Octavia, и кој од 2021 година се продава на пазарот во Индија.

Освежената Slavia има поостар надворепен дизан, нова технологија во ентериерот и подобро ниво на опрема.

Притоа моделот Slavia Classic со 1.0 TSI мотор и мануелен менувач започнува да се продава по цена од само 9.200 евра, додека најопремената варијанта  Slavia Monte Carlo 1.5 TSI DSG, од сликата на врвот од постот, чини, повторно, скромни 17.300 евра.

Моделот Monte Carlo визуелно се разликува од останатите модели во гамата по црните 16 инчни алуминиумски тркала, црвените сопирачки калипери, црвените декорации во маската, црниот кров, карбонските мотиви на каросеријата…

Во ентериерот е поставен 10,1 инчен инфотејнмент дисплеј и нов 10,25 инчен дигитален инструмент кластер.

Вградена е и камера од 360 степени, напреден клима уред за побрзо ладење, шест ербега и други практични нешта.

Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :

Реклама