Спас во последен час! AC Schnitzer се буди

14

Пред неколку месеци ја пренесовме веста декапопуларниот германски бренд AC Schnitzer, кој е и еден од најпознатите тјунери, пред се на автомобилите на BMW се затвара.

Според последните информации, во последен момент, компанијата била превземена од Холандската компанија AM Group.

Во Март оваа година менаџерот на АC Schnitzer ја објави веста дека по 40 години постоење и функционирање, како резултат на силните финансиски притисоци, и пред се на сериозниот пораст на трошоците, непредвидливите добавувачи и долгиот период на одобрување на нивните креации од властите, немаат алтернатива и мора да ја затворат компанијата.

Останува да видиме дали компанијата под капата на новите газди ќе остане верна на BMW или ќе започне со поголема комерцијализација и ширење на својата работа и на други брендови.

Реклама