Совршена гитара за вашиот Дефендер?!

24

Ако сте фан на теренецот Land Rover Defender, и сте вљубеник во најдобриот жичан инструмент на светот (лична и субјективна оценка), оваа статија ќе ви донесе дополнителна доза задоволство.

Производителот на електрични гитари PRS guitars, во соработка со артистот Џон Мејер, лансираа специјална, нова серија на електрични гитари кои се брендирани со логото на Land Rover и чија боја совршено ќе се вклопи во бојата на Британскиот off-road автомобил.

Една од гитарите има боја која е копија на бојата на личниот Defender на Џон Мејер.

Колекцијата на гитари ќе го носи името – Silver Sky Defender Color Collection.

Првата лимитрана серија гитари ќе биде ограничена на 2.000 примероци, во четири бои, кои ќе се продаваат во малопродажба по цена од 3.200 долари.

Секоја гитара доаѓа во тврд куфер, брендиран со логото на defender и со гравирана плочка на вратот на гитарата.

Ќе биде лансирана уште една серија на гитари SE Silver Sky Defender Limited Edition, која ќе чини околу 999 долари кои ќе се произведуваат во Индонезија и нема да бидат произведени во ограничени бројка, иако производството се планира да запре во 2027 година.

Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :

Реклама