Францускиот производител на автомобили Рено, го претстави на јавноста својот нов пикап наменет за Латиноамериканските пазари, под работното име Ниагара.
Рено Ниагара претставува дел од амбициозната стратегија на Рено, наречена FutuREady plan, да го засили своето присуство на странските пазари, преку нови 14 модели кои ќе бидат лансирани замеѓународните пазари надвор од Европа, најдоцна до 2030 година.
Со овој план компанијата сака половина од продажбата на своите автомобили да ги реализира надвор од Европа, што е прилично амбициозно ако се земе предвид дека во 2025 година околу 38% од вкупната продажба на Рено беше остварена надвор од Европскиот континент.

Ниагара влегува во рамките на таа стратегија, заедно со моделите Кардиан и Бореал, кои се главно фокусирани на интернационални пазари, пред се на оние во латинска Америка.
Со Ниагара, Рено сака да влезе во еден сегмент накупувачи кои би го ористеле овој пикап не само како работна алатка, туку и како возило за авантура, комфор, бизнис патувања, што веднаш дефинира дека истото треба да понуди поголем комфор, технологија во ентериерот и квалитет кои ќе понудат нешто повеќе од само капацитет за товарање и влечење.

Зошто Ниагара го пикира токму пазарот во Латинска Америка?
Една од главните причини, логично е побарувачката. Во овие пазари, особено оние во Бразил, Аргентина и Колумбија, учествто на пикапи во продажбата на мултифункционални возила е навистина сериозно.
Возилото е поставено на RGMP pick-up платформа, што значи дека истата ќе обезбеди основа, понатаму на неа да се вградуваат и хибридни мотори.
Ќе се дизајнира и прави во Латинска Америка, во фабриката Санта Изабел во Кордоба, Аргентина, каде досега беа произведувани моделите на Дачиа, Логан, Сандеро и Степвеј.
Во истата фабрика, сега ќе се прави само товарниот Кангу и Нигара која треба да ги спои дизајнот на СУВ возило со квалиетот на возилата со широка намена.
За прилагодување на фабриката на новитепотеби и концепт, Рено планира да инвестира околу 400 милиони евра.
Ниагара ќе биде робусна, но и сериозно технолошки напредна,скроена за офф роад возење, но и коректна во совладувањето на секојдневните дистанци во градот.

Опремена е со 1,3 литарски турбо мотор со моќност од 156 коњски сили, спарен со шест степен мануелен менувач или автоматски менувач со двојна спојка.
Во предниот дел наликува на голем пикап, со исправена црна маска на која е испишано со големи букви името набрендот – РЕНО, и високо поставена хауба, со мускулести линии кои се претопуваат во редните крила.
Предните светла се во фул лед технологија, со црни сјајни рами.
Долната секција на предницата има светла за магла во лед технологија и заштитни плочи и спојлери кои го чуваат возилото од оштетувања при возење на офф роад терени.
Рено Ниагара е долга 4,94 метри, висока 1,72 метри. Опремена е со 17 или 18 инчни тркала. Особно е внимавано на претопувањето на кабината во капакот од задниот пик ап дел наменет за товарање.

Во ентериерот луѓетоод Рено се горди на постигнатиот комфор, особено за патниците од задната клупа и атрактивната инфотејнмент конзола, која уште една покажува дека Рено Ниагара не е само работн, уку и комфорно практично возило.
Според првичните информации, овој пикап воопшто не се ланира за продажба во Европа, бидејќи, како што велат луѓето од Рено, за него на нашиот континент воопшто нема побарувачка.













