Koрејскиот производител на автомобили Hyundai го претстави својот нов адут во класата на електрични автомобили, под името Ioniq 3.

Моделот е за нијанса помал од Ioniq 5, направен е на платформата на сестринскиот бренд KIA и е наменет првенствено за Европскиот автомобилски пазар.
Автомобилот е долг од 4,155 до 4,170 mm (зависно од изведбата), а има меѓуосовинско растојание од 2,680 mm, што треба да обезбеди одличен комфор.

Моделот е направен исклучиво со 5 врати кои се отвараат нормално, што се разликува од Концептот 3 на Hyundai на кој е базиран.
Во предниот дел се поставени две лед светлосни линии, кои на задниот дел се поврзуваат со четири светлосни точки, кои според Морзовата азбука, ја означуваат латиничната буква “H”
За промоцијат Hyundai го претстави својот врвен модел од линијата N, во кој покрај другото има спортски браници, поагресивни мотиви и поголеми алуминиумски фелни од 19 инчи (додека стандардните се 16-ки).

Во ентериерот, возачот и патниците го имаат 14.6 инчниот екран чувствителен на допир, кој е поставен на средината, а возилата од пониските нивоа на опременост ќе имаат, повторно сосема солиден екран со големаина од 12,9 инчи.
Во багажникот можете да спакувате коректни 441 литри.

Кога зборуваме за погонот, Hyundai Ioniq 3 вози на 400 Волтна верзија од E-GMP архитектурата, како што тоа го прават и KIA EV3 и EV4, а на стартот моделот ќе биде понуден со погон само на предните тркала.
Стандардниот модел доаѓа со електричен мотор со моќност од 144 коњски сили (108 kW) и батерија со капацитет од 42.2 kWh која нуди автономија од 344 километри во WLTP циклусот.

Постои и Long Range варијанта со послаб мотор 133 кс (100 kW) и поголема батерија од 61 kWh која дометот го продолжува на 496 километри.
Двете варијанти имаат вртежен момент од 250 Nm.
Hyundai Ioniq 3 ќе стане достапен на европскиот пазар кон крајот на оваа, 2026 година.







