Два нови пикап камиони влегуваат во Австралија

278

Во Австралија, пикап камионетите се исклучително барани и популарни, а тоа ни го потврдува и фактот дека речиси истовремено на пазарот доаѓаа два нови Киески пикапи.

Се работи за JAC Hunter и Foton Tunland.

Пикапот на JAC, е во хибридна изведба и има амбиција да се натпреварува со неговиот земјак BYD Shark 6, па и со FORD Raptor.

Го движи 2,0 литарски бензински мотор, надополнет со електромотори на предната и на задната оска. Заедно, овој модел испорачува моќност од 516 кс (385 kW), перформанси кои се сериозно подобри од оние на конкурентите.

Според ЈАС, батеријата од 31.2 kWh има автономија од 100 км.

На ЈАС, друштво во Австралија ќе му прават и Tunland V7 и Tunland V9 од Foton.

Двата модели имаат 2.0-литарски турбо дизел мотор со 48-волтен благ-хибриден систем. Тие испорачуваат моќност од 161 кс (120 kW).

Реклама