Кинескиот “Швеѓанец” Lynk & Co, најавува GT концепт

265

Кинескиот производител на автомобили Lynk & Co, со шведска технологија и дизајн кои потекнуваат од постариот брат Volvo, го најави својот прв концептен GT автомобил.

Со прикажаните тизер слики од концептот, Lynk & Co, кој е под сопственичката капа на Geely, најавува дека ќе излезе од комфорната зона, правејќи само SUV и седани и ќе го направи првиот спортски GT модел, што треба да дебитира на Саемот за автомобили во Пекинг, овој Април.

Од сликата може да се претпостави дека се работи за автомобил со мотор сместен во предниот дел и со погон на задните тркала

Ако добие позитивен фидбек и зелено светло за производство овој автомобил ќе треба да им конкурира на спортските Porsche 911 и Mercedes-AMG GT.

Реклама