Oпасно моќно Lamborghini!

628

Во чест на значајниот јубилеј – 25 години постоење во Јапонија, моќниот бренд на супер спортски автомобили Lamborghini, создаде специјална самурајска верзија на моделот Revuelto Impavido, во лимитирана серија од само 25 примероци кои ќе бидат понудени само на Јапонскиот пазар.

Инспирација на моделот е Bushido, the way of the warrior, или патот на воинот, традиционалниот код на морални принципи и етичко однесување по кое се воделе самураите во феудална Јапонија.

Ламборгини го направи овој модел преку својата програма за персонализација Ad Personam преку која се креираат вакви уникатни серии на автомобилите на Lamborghini.

На прв поглед паѓаат во очи златните мотиви, тетоважи на хаубата, предниот браник, кровот и задницата.

Може да се изберат четири бои, алуминиумски тркала од 21 и 22 инчи, со финиш во сјајно црна боја, а подеднакво импресивен е и ентериерот на овој специјален самурајски Ламборгини.

Под хаубата пулсира V12 плаг-ин хибриден мотор.

Реклама