Само неколку месеци по официјалното лансирање на моделот EQS, Mercedes-Benz во него го воведува и сосема новиот волан со т.н. Steer-by-wire Технологија.
Оваа нова технологија фундаментално го менува начинот на комуникација и интеракција помеѓу човекот и возилото.
Новиот волан е прецизен, интуитивен и едноставен за употреба – велат од Mercedes.

Со новиот волан, сите работи поврзани со возењето и со паркирањето, на пример, стануваат многу поедноставни. А за вртењето воопшто не ви треба напор или механички стисок на воланот.
Со него, магично се намалуваат и вибрациите кои може да ги предизвикува нерамниот пат, кој потоа се пренесува и на воланот и на рацете на возачот.

Steer-by-wire технологијата го носи и рамниот волан, кој ослободува простор во кабината, овозможува полесно влегување во автомобилот, и отвара дополнително видно поле пред возачот.
Новата технологија е вкомпонирана и со суспензијата, а тука е и одличната усогласеност со управувањето на задната оска. При повисоки брзини и задните тркала се движат паралелно со предните што обезбедува стабилност и безбедно влегување во свијоци.
Новиот волан е предмет на долгорочни тестирања, а со него веќе се поминати најмалку 1 милион тест километри.

Во EQS, технологијата steer‑by‑wire е достапна кај сите модели и мотори, а брендот стандардното електромеханичко упавување го нуди како опција.







