Луксузниот бренд на спортски автомобили Мaserati, ќе биде спонзор на тенискиот турнир во Монте Карло, Rolex Monte-Carlo Masters 2026.

За таа цел, на и околу тениските терени ќе бидат презентирани два уникатни модели од серијата – Fuoriserie, и кои покажуваат до кои детали може да се кастомизира (прилагоди) секое Масерати, согласно желбите и афинитетите на потенцијалните купувачи.

Централната сцена и главен фокус ги има моделот GranCabrio, специјално изведен модел со мек кров.

Обоен е со атрактивната Maserati blue, светло сина боја, и дел од глобалната прослава на 100 години постоење на легендарното трозабо лого на Maserati.

Oколу спортските терени ќе се тркала и моделот MCPURACielo во специјалната Ai Aqua Rainbow, светло сина боја која како боите на виножитото се прелева на сончевите зраци и е специјално креирана за Fuoriserie.

A пред хотелот – Fairmont Monte Carlo, ќе биде изложен и ултра спортскиот МCXtrema, eден од најатрактивните спортски модели на Maserati.


Со ова спонзорство Maserati ќе биде запамтен како Официјален Автомобил на Rolex Monte-Carlo Masters 2026, со цела флота на атрактивни спортски модели на Maserati меѓу кои и на Grecale SUV, кои им беа ставени на располагање на спортистите и на VIP гостите на турнирот.








