Се работи за исклучително редок примерок на 1937 Bugatti Type 57SC Atalante, кој бил напуштен во Франција за време на Втората Светска Војна.
Моделот оди на аукција во Соединетите Американски Држави.

Инаку модело има долга хауба под која се крие 3,3 литарски мотор со 8 цилиндри, модел кој на Bugatti му ги има донесено победите на трките во Le Mans и French Grand Prix.
Инаку, сопственикот на овој модел за време на II СВетска војна, побегнал од Франција во САД, и зад себе го оставил овој автомобили, кој за чудо, успеал да го преживее забот на војната и на времето.

Подоцна, во 1959 година бил транспортиран во САД, каде и целосно бил репариран.
Сега, оди на аукција на која се проценува дека ќе достигне вредност од 5,3 милиони евра.














