Новата Lancia Ypsilon HF

221

Oткако се комплетираше спојувањето на двата автомобилски гиганти – Fiat Chrysler Automobiles (FCA) и PSA Group во 2021 година, и се создаде новиот конгломерат – Стелантис, тогашниот генерален директор (CEO) на Групацијата, Карлос Тавареш, го даде ветувањето дека ниту еден од брендовите кои со спојувањето влегоа во новата Групација нема да згасне и дека во сите брендови ќе се инвестира најмалку 10 години одтогаш.

Денес,  четири години подоцна, Карлос Тавареш веќе не е директор на Стелантис.

Тој се повлече од функцијата,во декември 2024 година.

Новата Групација, кон крајот на месец мај,  на чело го донесе поранешниот директор на Јееp, Италијанецот од Наполи – Антонио Филоса, кој својата кариера во Фиат Групацијата ја започна во 1999 година.

Сеуште е рано, но се посилни се шпекулациите,  дека ветувањето дадено од Тавареш, дека во брендовите на Стелантис, без оглед на нивната успешност, ќе се инвестира најмалку 10 години, веќе не важи.

Меѓу марките кои се посочуваат како најзагрозени, се чини дека се Крајслер, кој остана само со еден актуелен модел и луксузниот бренд Maserati, кој во 2024 година продаде само 11.300 автомобили, и за кого Стелантис веќе замрзна еден план за инвестиции од 1,6 милијарди долари.

Во оваа непопуларна селекција често се сместуваше и подзаборавениот Италијански, за многумина – бренд ставен на респиратори  – Ланчиа.

Па сепак, луѓето од Ланчиа се убедени дека брендот ќе оживее, ќе добие нова физиономија, нови, освежени модели.

Едниот од нив – новата Ланчиа Ипсилон, веќе беше лансирана во минатата година, а за следната се очекува лансирањето и на моделот Гама, кој треба да биде знаменосец на брендот.

Во текот на минатиот месец, Ланчиа, на претставиците на меѓународниот печат им го покажа и новиот спортски модел Ипсилон HF, комплетно електричен автомобил  со моќност од 280 коњски сили, и забрзување од 0 до 100 км / х за само 5,6 секунди и со одлична агилност благодарение на диференцијалот со ограничено прлизгување.

Новинарите можеа да го возат и хибридниот модел ХФ Лајн, со препознатлив спортски изглед и легендарното ХФ лого.

За оние кои не се упатени, логото ХФ, за прв пат е исковано во 1960 година, на Саемот за автомобили во Женева, каде е создаден таканаречениот Хај Фај – или во превод Хај Фиделити Клуб, во кој членуваат само најверните клинти на брендот кои имаат купено најмалку 6 автомобили од марката Ланчиа.

Подоцна ХФ логото станува заштитен знак и на спортските, тркачки автомобили, а во самото лого е вметната силуетата и на мало црвено слонче, како симбол на верувањето дека кога еднаш ќе го започнат својот трк, слоновите се незапирливи, имаат огромна брзина и никој не може да ги запре…

Доволно моќна приказна, и за автомобилите на Ланчиа кои имаат вонсериски перформанси и гордо го носат заштитниот знак ХФ. 

Претставените модели на Ланчиа Ипсилон ХФ, во еектрична и хибридна верзија го носат логото ХФ, со поедноставени линии, но и со неизоставното црвено слончe во него.

Хобридниот модел е веќе достапен во салоните, доека електричната верзија ќе започне да се продава по завршување на летото.

Новиот Ипсион ХФ, како што напоменавме носи електричен мотор со моќност од 280 коњски сили со вртежен момент од 325 Нм, максималната брзина му е 180 км/х, а со својата литиум јонска батерија со моќност од 54-kWh има домет од 370 километри.

На брз полнач овој електричен хај фај, се полни за 10 минути.

Предните браници се спортски и јасно воочливи, го носат ХФ логото, а алуминиумските тркала од 18 инчи, задниот дифузер и спортските калници формираат агресивен спортски дизајн./

Во ентериерот, повторно доминираат спртските линии со ласерски сечени спортски седишта, перфориран кожен волан со логото ХФ, алуминиумски педали за ножните команди и нов графички интерфејс, и предна инструмен табла во која боите се прелеваат од сина на портокалова бoja.

Стандардниот модел нуди инфо кластер со големина од 10,25 инчи, безжично поврзување со Епл и Андроид, автоматска контролана климата, безжично полнење на смарт телефон и амбиентално осветлување.

Во поглед на безбедноста моделите се опремени со автоматско сопирање со детекција на пешаци и велосипедисти, надгледување на слепата точка во ретровизорот, адаптивен темпомат (круз контрол), препознавање на сообраќајните знаци, предна и задна камера.

Хибридниот модел, Ланчиа Ипсилон ХФ Лајн, доаѓа со хибридниот, 1,2 литарски моор со три цилиндри со моќност од 110 коњски сили и максимална брзина од одлични 190 км/х.

Опреен е и со автоматска трансмисија, како и со алуминиумски тркала од 17 инчи.

Атрактивните спортски модели Ипсилон ХФ, му ги даваат на брендот Ланчиа, попат загубените спортски емоции истовремено преплетени со  најновите технолошки достигнувања во автомобилската идустрија.

А менаџерите на брендот, имаат уште малку време да му докажат на врвот од Групацијата Стелантис дека во нив вреди и понатаму да се инвестираат време, енергија, креативност и пари.

Реклама