Kaтастрофален хакерски напад на JLR

154

Компанијата JLR, сеуште ги лечи крвавите рани од последниот катастрофален хакерски напад, кој го блокираше комплетното производство во повеќе од еден месец.

Производителот на Land Rover и Jaguar, реши целосно да ги исклучи своите внатрешни компјутерски системи, во обид да ги заштити своите податоци од кражба, откако бил регистриран силен хакерски напад.

Падот на системот, го запре производството цел месец, а целосно ги разниша односите и со авто салоните и добавувачите.

Првичната проценка беше дека фабриките и системите ќе почнат да работат од 1 Октомври, и дека во обидот за санирање се вклучени многу внатрешни и надворешни експерти.

Одредени бизнис експерти направија проценка дека штетите кои JLR ги претрпе во овој период е околу 5 милиони фунти на ден.

Реклама