Нов адут на Dacia – Bigster

243

Нема никакви дилеми дека Романскиот производител на автомобили, направи маестрален потег, кога застана под капата на Францускиот гигант – Renault.

Автомобилите добија нов, свеж и атрактивен дизајн, нови платформи и мотори, сериозно подобар квалитет и издржливост, а притоа останаа исклучителни примамливи во својата цена.

Како резултат на тоа, на европскиот автомобилски пазар, најпродаван автомобил во минатата 2024 година беше токму Dacia Sandero.Одлични резултати, во континуитет постигнува и автомобилот од SUV класата – Duster.

А сега, како и што ветија во 2021 година, луѓето од Dacia, решија да влезат и како што самите велат – да го освојат C-SUV сегментот.

Според нив, идеален производ за да го оживеат сегментот е нивниот нов модел – Dacia Bigster.

Робусен, семеен автомобил

Новиот Bigster e дизајниран, пред се како робусен семеен автомобил, со кој можете да одите и на работа и да ги вршите секојдневните рутини.

Bigster, гледан од прва, навистина одговара на своето име. Тој е голем, робусен, остава моментен впечаток. Предницата му е подигната како кај SUV возилата, ја има препознатливата темна маска, која во средината го носи Dacia link-от.

Долг е 4.570 милиметри, со меѓуоскино растојание од 2.702 милиметри.

Може да се избере и во две бои, како и со специјален црн кров.

Bigster доаѓа со 17 и 18 инчни тркала како стандард, и со 19 инчни тркала кои може да се порачаат како опција.

Комфор и простор за сите

Како што вели Дејвид Дуранд, потпретседател на одделението за Дизајн на Дачиа, во ентериерот е направен напор, да се истакне највоочливото и најкарактеристичното – големата пространост. Користени се едноставни геометриски линии, кои го следат и надворешниот дизајн, а се бараат од клиентите кои го преферираат C-SUV сегментот.

Реклама