Британската компанија JLR објави дека во најголемата фабрика во Солихул, поради нов неочекуван колапс, на две недели ќе го запре производството на автомобили.
Овојпат, не се работи за нов хакерски напад, поради кој минатата година, компанијата беше блокирана неколку недели и направи огромна непланирана загуба, туку се работи за прекин на доставата на резервни делови и компоненти од еден од нивните добавувачи.
Како резултат на недостатокот на делови, додека не се реши овој проблем, а се предвидува дека тоа ќе бидат најмалку две седмици, фабриката нема да работи.
Ваквиот застој највеќе ќе се одрази на производната динамика на Range Rover и Range Rover Sport.
Популарни содржини :














