Централата на BMW во Минхен, влече инспирација од четирите цилиндри

94

Сите оние кои го посетиле Минхен, и веројатно прошетале до Олимпискиот Парк и BMW Музејот, ја знаат импресивната зграда на централата на BMW.

Но она што веројатно малкумина од нашите простори го знаат е дека зградата го носи името “Vierzylinder” или во превод – “Четири Цилиндри”.

Оваа зграда е пуштена во функција во 1973 година, а била дел од еден поголем проект врзан со Олимписките Игри организирани во Минхен во 1972 година.

Пред Олимписките Игри, во BMW бил избран проектот на Австрискиот архитект, Карл Швангер, кој со зградата направена од четири споени кули, сакал да ја покаже технолошката и механичка специфичност на брендот.

За таа цел, архитектот како главна инспирација тој ги земал моторите со четири цилиндри на BMW на Баварскиот џин, па затоа зградата има четири споени кули со висина од 100 метри и 22 ката.

Секоја од кулите претставува посебна зграда, кои се спојуваат на врвот, но во подножјето делуваат како да лебдат над фундаментот, мотив што повторно е направен намерно, за да ја симболизира леснотијата, прецизноста и технолошката напредност на BMW.

До централата на BMW се поставени и музејот на BMW, како и Олимпискиот стадион.

Реклама