Hyundai го претстави новиот IONIQ6 E

151

Koрејскиот производител на автомобили го избра Goodwill Фестивалот во брзина, во Англија, за да го претстави својот нов, втор електричен автомобил IONIQ 6 N.

Налепувајќи се на успешниот и наградуван IONIQ 5 N, IONIQ 6 N подеднакво ги користи напредните технологии кои произлегуваат од Hyundai N спортските програми.

Кога ќе го погледнете “од прва”, гледате дека кај IONIQ 6 N особено се работело на аеродинамичниот дизајн што треба да обезбеди стабилност и безбедност при високи брзини.

Од 0-100 km/h, новиот IONIQ 6 N доаѓа за 3,2 секунди, а максималната брзина е 257 km/h.

Новиот адут на Hyundai испорачува моќност од 650 коњски сили (478 kW) со вртежен момент од 770 Nm.

Новиот IONIQ 6 N е достапен во новата – Performance Blue Pearl боја, како на сликите. 

Основната филозофија околу IONIQ 6 N е да испорачува врвни перформанси на стазите за тркање, додека истовремено нуди комфорни возења во секојдневното циркулирање во градот.

Во него е вграден нов систем за менаџирање на батериите наречен N Battery, кај кој може да се избере модот на возење, и преку редовното ладење, да се овозможи подолг животен век за истите.

Реклама