Неговото височество Golf GTI

323

2013 – Golf GTI Mk7

Во седмата генерација на GTI, за првпат беа лансирани две варијанти. Првата со моќност од 162 kW/220 коњски сили, како и Golf GTI Performance со моќност од 169 kW/230 коњски сили.

Вториот модел (230 кс) беше и првиот Golf GTI со блокада на диференцијалот за предната погонска оска која е конструирана на модуларна трансферзална матрица – modular transverse matrix (MQB). 

Спарен со мануелен менувач, ова беше и првиот Golf GTI кој стигна до максимална брзина од 250 km/h.

А во пролетта 2016 година, возачот на Volkswagen Бенџамин Лохтер го сруши рекордот за возила на преден погон на стазата Нурбургринг со моделот Golf GTI Clubsport S, со кој се постигна максимална брзина од 265 km/h а патеката помина за 07:49:21 минути.

Одличен начин да се прослави 40-годишнината на Golf GTI!

Кликнете 9 и преминете на следната страна

Реклама