Неговото височество Golf GTI

323

1975 – Golf GTI Mk1

Првата генерација на Golf GTI “Величествениот” на јавноста и беше официјално презентирана во 1975 година (една година по лансирањето на конвенционалниот Golf).

Како резултат на едногодишната инкогнито работа на десетина луѓе во Volkswagen, меѓу кои и на Антон Конрад, тогашниот шеф на прес службата на VW, се појави првата спортска верзија на мегапопуларниот Golf.

Во процесот на подготовката на GTI биле направени повеќе прототипи, а особено упорен во реализацијата на идејата да се создаде првиот спортски Golf бил и Херман Хаблицел, член на Бордот на директори, задолжен за технологија.

Официјалната промоција на моделот била направена на меѓународниот саем за автомобили – International Motor Show (IAA), во Франкфурт, во септември 1975 година.

Новиот GTI бил спарен со одличниот мотор со вбризгување кој испорачувал 110 коњски сили.

Со својот легендарен потег, главниот дизајнер на VW, Херберт Шафер, инаку страстен љубител на голфот, на GTI му го додал легендарното голф топче на врвот од менувачот.

Официјалната презентација на првиот Golf GTI во Франкфурт поминала фантастично. Сите сакале да го видат, допрат, повозат и на крајот имаат овој нов, спортски Golf.

И како резултат на тоа, моделот Golf GTI Mk1 кој иницијално бил замислен да се произведе и продаде во 5.000 примероци завршил со вкупна бројка на 461,690 продадени единици.

Кликнете 3, и преминете на следната страна.

Реклама