2020 – Volkswagen Golf GTI Mk8
И полека, пристигнавме до последната 8-ма генерација на легендарниот спортски модел на Golf GTI.
Сеуште актуелен, лансиран во 2020 година.
Во експлозијата на електрични технологии, 8-мата генерација и понатаму се развива и сеуште го задржува вниманието на фановите.

Првата генерација во која се нуди и all-wheel-drive grip (грип на сите тркала), а тука е и моторот кој испорачува моќност од 241 коњски сили.
Многу опрема, напредни технологии, континуиран развој.
А моделот GTI, со одлична, планетарна популарност, веќе го има и својот брат, подеднакво спортскиот Golf R со кој користат слични решенија и заеднички технологии.
Како и да е… историјата на Golf и неговата спортска GTI варијанта е богата, исклучително значајна за брендот и најважно од се, историја која продолжува да ги пишува своите страници…












