Откако Даниел Крег, официјално замина во филмска пензија со бенефициран стаж, повеќе имиња се вртеа како наследници на легендарниот таен агент кој уживаше во добри жени, добро виски и спортски примероци на Астон Мартин.

Според официјалните информации, најновиот, седми по ред, агент, во улогата на Џемс Бонд, ќе биде Роберт Патинсон, тинејџерскиот херој од сагата Самрак.
Изборот секако е прилично контроверзен, но веројатно како таков ќе бешe оценет секој избор на новиот Бонд, Џемс Бонд.

Интернетот носи позитивни и негативни коментари, но се чини дека одлуката е конечна, а новиот сопственик на дозволата за убивање ќе биде легендарниот вампир со меко срце – Патинсон.

Oстанува да видиме каков примерок на четири тркала ќе добие во првото продолжение на серијалот, и секако, како ќе се носи со оваа задача.

Новото продолжение на 007 се очекува во 2028 година.
Погледнете ја Темпо Магазин, Епизода 10 :













