Референдум во Париз. 500 улици, недостапни за автомобили

261

По сумирање на резултатите од гласањето на референдумот во Париз, донесена е одлука да се затворат за возила уште околу 500 улици.

Улиците кои ќе влезат во овој проект, ќе бидат прогласени за пешачки зони.

Она што е интересно е дека на референдумот, од речиси 1,4 милиони запишани гласачи во Париз, излегле и гласале само 4 проценти.

За одлуката биле 65.96%, а против гласале 34.04%.

Сепак, согласно легислативата, без оглед на малата излезност, одлуката е конечна и треба да се спроведува.

Според анализите, откако социјалистите го превземаа владеењето со Париз, сообраќајот е речиси преполовен, а оваа тенденција очигледно продолжува.

Ова е дури трет референдум кој се спроведува во Париз во последните три години, а на последниот референдум беше на пример, забрането да се користат електричните скутери, како и да се зголеми цената за паркирање на големите SUV возила за три пати.

Послeдни постови :

Реклама