Наградна игра во Грција – автомобил на подарок

46

Претставништвото на OMODA & JAECOO во Грција, организира наградна игра во која еден среќник ќе може да го освои автомобилот OMODA 5 SHS-H hybrid SUV.

Наградната игра е поврзана со Фајнал Фор турнирот во Евро Лигата во кошарка што ќе се одржи од 22 до 24 Мај во Атина, оваа година.

Наградниот автомобил користи Super Hybrid System (SHS), што ги комбинира 1,5 литарскиот бензински турбо мотор со два електрични мотори и батерија од 1.8 kWh.

Вкупната моќност достигнува 224 коњски сили, а потрошувачката на гориво изнесува околу 5,3 литри на 100 километри.

Автономијата која овој супер хибрид може да ја постигне изнесува 1.000 километри, без дополнување.

За да учествуваат во играта, кандидатите треба преку Инстаграм да го заследат профилот на OMODA & JAECOO и да одговорат на прашање поврзано со брендот.

Инаку, OMODA & JAECOO е еден од најбрзорастечките кинески брендови во Велика Британија, а во последните месеци моделот Jaecoo 7, направи вистински дар-мар на топ листите на најпродавани автомобили во Британија, за што пишувавме и во овој пост.

Реклама