Европските aвтомобилски медиуми му посветија сериозно внимание на освежувањето кое Toyota му го обезбеди на својот модел од субкомпактната класа Yaris Cross.

Сосема очекувано, ако се земе предвид дека Yaris Cross беше најпродаваниот автомобил на Toyota во 2025 година во Европа, со околу 200.000 продадени возила.
И секако затоа што моделот беше за прв пат воведен во 2021 година, доживеа мали апдејти во 2023 година, но секако требаше да добие и малку посериозен козметички третман.

Најсериозната корекција е направена во предниот дел на Yaris Cross, каде моделот добива нова маска, со дизајн на саќе од мед, во боја на каросеријата, во која дел од новинарите препознаа сличност со маската на Ханибал Лектор од трилерот “Кога јагнињата ќе стивнат”.
Браникот е поедноставен, под него е дискретно поставена алуминиумска плоча, а светлата се истите, но само имаат добиено LED елементи во форма на агресивен светлосен лак.
Покрај ова, и новодизајнираните алуминиумски тркала кои одат до 18 инчи во дијаметар, нема други посериозни промени на надворешноста.

Ентериерот не е многу менуван, со дигиталниот инструмент панел од 12,3 инчи и централниот екран чувствителенм на допир со големина од 10,5 инчи.

Нема изненадувања и под хаубата.
Yaris Cross ги задржува своите само хибридни мотори во Европа и Велика Британија.
Најмоќниот Хубрид 130 испорачува моќност од 128 коњски сили (96 kW) и вртежен момент од 185 Nm, кој испраќа моќност до предните или до сите тркала, зависно од видот на моделот и погонот (на предни или на сите тркала).

Основниот Хибрид 115, пак, испорачува сила од 114 коњски сили (85 kW) и вртежен момент од 141 Nm.








