Овој “Кинез” ја покори Британија

331

По сумирање на продажните резултати во Велика Британија во Март, врвот на таблата, многумина остави без текст.

На прво место според продажните резултати во третиот месец од 2026 година, се најде кинескиот автомобил Jaecoo 7.

Компактниот SUV на Chery, прокнижи 10,064 регистрации, повеќе од Ford Puma со 9,193 продадени единици и Nissan Qashqai со 8,718.

На листата следуваат Kia Sportage со 7,310 единици и Vauxhall Corsa со 6,315.

Jaecoo 7 е релативно нов автомобил на пазарот во Велика Британија, каде започна да се продава минатиот септември.

Сепак, доказ дека работата е сериозна, потврдува и вкупната продажба во првиот квартал од 2026 година, во која со 15,569 регистрации, Jaecoo 7 опасно му се приближува на конкурентот Ford Puma, кој има 16.128 регистрации.

Според Кинезите, најпродаван е моделот со супер хибриден систем – Super Hybrid System (SHS-P), на кој отпаѓа 85% од продажбата во Март.

Цената на бензинскиот модел на Jaecoo 7 почнува од 33.340 евра, додека најскапиот плаг-ин хибрид чини 40.300 евра.

Поради огромната сличност на Jaecoo 7 со Range Rover, малициозните, дури го исмеваа и потценуваа моделот со називот – Range Rover од Тemu.

Но… праксата уште еднаш покажува дека Кинеската автоиндустрија, и покрај сите негирања и омаловажувања, е во огромен замав и дека претставува сериозна закана нза сите евопски и светски конкуренти.

Jaecoo 8

Oвие бројки се одлична најава и за најновиот автомобил во палетата на Jaecoo кои треба да ги нападнат конкурентите во Британија, а тој модел го носи името Jaecoo 8.

Јаецоо 5 – лево, Jaecoo 7 – десно, Jaecoo 8 – во средината

Реклама