Dacia го враќа својот Spring “дома’

135

Рoманската компанија Dacia, потврди дека целото свое производство на малиот електричен Spring, го враќа од Кина директно во фабриката во Ново Место, Словенија.

Првата генерација на Dacia Spring, базирана на платформата Renault City K-ZE, се произведуваше во фабриката на Dongfeng во Кина, со што беа постигнати исклучителни ниски производни трошоци.

Но новото време, донесе поскапени цени за транспортот на возилата од Кина во Европа, а и Европската Унија воведува се’ посериозни царински стапки за Кинеските и за неевропските возила, воопшто.

Ова заедно со се поголемата побарувачка на електрични возила во Европа, ја мотивираше Dacia, да го префрли производството на својата втора генрација на Spring во Словенија, каде впрочем се произведува и новото електрично Renault Twingo E-Tech.

Фабриката Ревоз, во моментов работи со капацитет од околу 50%, произведува околу 300 автомобили дневно и очигледно се специјализира како фабрика за мали електрични автомобили.

Се очекува наскоро во Ново Место да се склопува и мал електричен Nissan, а сето тоа, по дефиниција значи намалување на цената на производството по единица возило.

Погледнете ја Епизода 1, од Сезона 3, на нашиот Темпо Магазин :

Реклама