Американците, на кои национален спорт им е да подготвуваат и доставуваат тужби за се и сешто, неодамна поднеле пет тужби за зоштета против Јапонскиот производител Mazda.
Како што е наведено во тужбите седиштата со греење на Mazda знаеле да се вжештат до ниво да им го изгорат задникот на патниците, да им ги запалат панталоните и да предизвикаат чад во ентериерот.
На еден клиент вжештеното седиште му ја исгорело кожната јакна, друг кој боледува од неуропатија и не ги чувствува долните екстремитети добил изгореници на нозете, кај трет клиент седиштето започнало да чади поради што бил принуде да оди во сервис и да плати 600 долари за да ја исклучат опцијата за греење на седиштата.
Во тужбите, клиентие побаруваат огромни суми како оштета, но дали ќе ги добијат, останува да видиме.







