Кинескиот производител Xiaomi со својот главен тест возач се врати на стазата на Нурбиргринг со SUV моделот YU7 GT и повторно го сруши рекордот на најбрзо поминат круг со еден SUV.

Со време од 7:34.931, YU7 GT го помина најбрзиот круг на “Зелениот Пекол” и го сруши рекордот на Audi RS Q8 со 7:36.698, кој претходно го симна од тронот Porsche Cayenne Turbo GT Coupe со најбрзо време од 7:38.925.
Рекордот не е постигнат со серискиот модел на YU7 GT, туку со таканаречениот “Track Professional Package” или Специјално креиран пакет за тркачка стаза.

Моделот YU7 GT, Xiaomi го претстави на Саемот за автомобили во Пекинг, оваа година.
А ако сакате да видите како изгледаше рекордниот круг, погледнете во следното видео.







