Набилдал 28.000 долари за казни, а нема автомобил

116

Неверојатна,но вистинита приказна ни доаѓа од Соединетите Американски Држави и покажува уште еднаш, колку скапо може да ве чини секој непромислен потег врзан со вашиот автомобил.

Собуза Вилијамс, од Сан Франциско, откако доживеал неколку непријатности со својот автомобил BMW X3 решил да го продаде своето возило. Баксузниот автомобил му го продал на свој познаник и пријател за 1.000 долари. Трансакцијата ја направиле во кафуле, а Собуза откако ги добил договорените 1.000 долари, му ги дал клучевите на својот пријател.

Но, за кратко време, започнува неговиот кошмар.

Документите сеуште не биле комплетирани, а заради бирократски процедури, автомобилот останал да се води на името на Вилијамс уште некој период.

За кратко време, на негова адреса почнале да доаѓаат казни за се и сешто (од сообраќајни прекршоци, до казни за лошо паркирање) и тој долг за кратко време пораснал до вртоглави 28.000 долари.

Вознемирениот Собуза го барал телефонски својот пријател, од кој редовно добивал смирувачки пораки, дека казните ќе бидат платени и дека нема потреба да е грижи.

Но ѓаволот ја однел шегата, па баксузниот сопственик на цел глас, започнал да бара правда и официјално да се префрли возилото на име на новиот сопственик.

Реклама