Финансиски ролеркостер на Volkswagen

146
Дејвид Пауелс, Фото - Volkswagen

Автомобилскиот гигант од Волфсбург, ги објави финансиските резултати и остварувања, за првиот квартал од 2025 година.

Од она што може да се види во билансите на брендовите Volkswagen, Škoda, SEAT/Cupra и Volkswagen Commercial Vehicles, во првиот квартал од 2025 година, се продадени 1,22 милиони возила (што претставува пораст во споредба со истиот период во претходната година).

Зголемената бројка на продадени возила, носи и поголеми приходи за 7,8% (35,34 милијарди евра).

Порастот на продажбата, главно се должи на порастот на продажбата на електричните возила.

Критични оперативни резултати

Но, според споделените биланси, позитивните резултати ги засенија следните параметри…

Конкретно, оперативниот резултат (добивка) е намалена за 46,3% во споредба со првиот квартал од 2024 година (на 1,12 милијарди евра) , а оперативната маржа изнесува 3,2%, што е пад во споредба со лани за 3,3 поени.

Според Дејвид Пауелс, член на Управниот одбор на Volkswagen Brand, причина за намалената добивка се крие во – последиците од силната регулатива за намалување на CO₂ во Европа, проблемот со дизел скандалот за кој сеуште се водат судски постапки и се прават обештетувања, а влијание има и отписот на дел од залихата на возила во транзит предизвикан од воведените високи царински стапки во САД.

Реклама