Mamma Mia… Каква Miura!

195

Неодамна пишувавме за значењето на Lamborghini Miura во светот на Италијанскиот производител на супер спортски автомобили од СантАгата Болоњезе, но и за целата автоиндустрија.

Овој супер спортски автомобил оваа година слави 60 години од своето постоење, а повеќе прочитајте на следниот линк.

Но откако ги видовме фотографиите на оваа вонземски фраерска Miura, не можевме да не се навратиме на темата.

Се работи за уникатен модел Lamborghini Miura SV, обоен во светло сина Bleu Tahiti боја со златни мотиви на тркалата и страничните панели.

А… кога ќе го совладате восхитот од екстериерот, погледнете само во внатрешноста.

Седишта, панели, наслони за глава, обложени во бела кожа.

Уште еден податок е навистина неверојатен, а тоа е дека оваа Lamborghini Miura SV има пројдено нешто повеќе од 1.500 километри.

Треба да се напомене и тоа дека од моделот Miura SV се произведени и продадени само 150 примероци.

Овој уникатен примерок ќе биде ставен на аукција на Mecum Auctions, а очекувањата се дека без проблем ќе биде постигната цена од 4,5 милиони долари.

Повеќе за Lamborghini Miura, погледнете во нашата последна Епизода на Темпо Магазин.

Реклама