Според последните информации презентирани од Администрацијата за Безбедност во Сообраќајот на Автопатиштата во Америка, во 2023 година, 3.275 смртни случаи и повеќе од 300.000 повредени се директно поврзани со користење на мобилните телефони при управување со возилото.
Според професорот Чарли Хауер, од Вирџиниа Тек, најчеста причина за сообраќајните незгоди е користењето на социјалните мрежи, кои ги дефокусираат и деконцентрираат возачите.
Се приметува прогресија на овие проблеми, од праќање текст пораки, до пребарување, гледање… Луѓето, особено тинејџерите се зависни од континуираното следење на објавите на Instagram, Snapchat, TikTok…
Особено младите, во возраст од 15 до 20 години, сериозно учествуваат во бројката на жртви во сообраќајот поради деконцентрирано возење.

Во последно време се забележува и нов тренд на сообраќајни незгоди во кои возачите снимале и постирале видео на социјалните мрежи, непосредно пред да се случи незгодата.
Невнимателното возење, веројатно и ќе прогресира, имајќи ги предвид се’ поголемите и пофункционални инфотејнмент екрани чувствителни на допир на кои можете да следите секакви содржини, па дури и музички видеа, интервјуа, youtube поткастови, филмови на Netflix…








