Руската автокомпанија Волга, која долго време се произведуваше во Рускиот титан GAZ, главно беше позната по робусните седани кои ги возеа државници или таксисти во Советскиот Сојуз.
Волга во последните години ја снема.
Но сега, се чини дека Русите решија да ја вратат во живот и тоа со специјална Кинеска терапија.

Најавени се два модели – C50 и K50, кои очигледно се живи копии на Кинеската компанија Geely со која влегуваат во стратешка соработка.
Се чини дека моментот е поволен, особено поради фактот што Европските производители се повлекоа од рускиот пазар непосредно по почетокот на војната помеѓу Русија и Украина.
Волга К50 – руски SUV со Кинеска днк
Првиот модел K50, според првите фотографии треба да е ист Geely Manjaro, само со благо сменета маска со Volga лого на предната маска.

Под хаубата е најавен 2 литарски бензински мотор со моќност од 238 коњски сили, спарен со осум степен автоматски менувач и погон на сите тркала.

Волга C50 – традиционален, робусен руски седан
Втор е моделот C50, традиционален седан изведен околу Geely Preface. И кај него се очекува бензински мотор со зафатнина од 2 литри и моќност од 150 и 200 коњски сили.

Автомобилите би требало да се произведуваат во старата фабрика на Volkswagen во Нижни Новгород.








