Критиките ги чувствувам како “гориво”

278

Легендарниот Луис Хамилтон, кој оваа година ќе ги носи боите на Ferrari во Формула 1, на прашањето – како ги прима и како живее со негативните коментари и критики, изјави – Ги примам како гориво!

Сосема природно, критиките во нашиот спорт се нешто што секој ги добива, изјави Хамилтон на неговата подготвителна предсезонска трка во Бахреин. Мислам дека имам доживувано многу повеќе критики во целата моја кариера.

Мојот став е да ја држам главата надолу, и да продолжам да го правам она што го правам. Знам дека растам секој ден, и дека како и секој човек, и јас сигурно ќе направам грешка. Она што ме прави подобар е дека знам да признаам кога сум згрешил и знам дека утре ќе работам многу подобро.

И навистина не ме загрижуваат негативните критики низ мојата кариера. Ги примам и користам како гориво за уште подобри резултати.

Реклама