Со камери ќе се детектира користењето на мобилен при возење

189

Во Германија наскоро ќе започне да се применува специјален систем на детектирање и казнување на возачите кои користат мобилен телефон додека возат.

Се работи за посебни камери поставени на повисока точка, кои ќе можат да ја анализираат внатрешноста на автомобилот и да детектираат кога возачот користи мобилен телефон.

Во пилот проектот, кој траел 90 дена само една камера успеала да забележи дури 1.250 сообраќајни прекршоци од овој тип.

Сега, се задоволени и законските норми, па овој проект може да отпочне со работа.

Се знае дека ќе има најмалку пет вакви камери кои ќе ги ловат посочените сообраќајни прекршоци, кои сериозно влијаат на вниманието на возачите и се еден од најчестите фактори за предизвикување на сообраќајни незгоди.

Овој систем веќе се применува во Холандија.

Реклама