Aston Martin пред колапс, или пред продажба?

64

Британскиот производител на автомобили Aston Martin продолжува да гази на лош терен.

По осми пат од 2018 година, компанијата повторно побара итно финансирање и успеа од својот најголем акционер, Канадскиот бизнисмен Лоренс Строл, да обезбеди инекција од 59 милиони евра.

И покрај финансиските асистенции, компанијата и понатаму тоне. За 2025 година Aston Martin направи загуба од 430 милиони евра, за 25% поголема од претходната година.

Истовремено падот на вредноста на компанијата е без преседан. Од 5,1 милијарда евра во 2018 година, денес Aston Martin вреди околу 510 милиони евра.

Ваквата состојба се’ повеќе ги подгрева шпекулациите дека набргу, Kинескиот производител GEELY може да го купи или сериозно да го зголеми учеството во сопственоста на Aston Martin. Ова не треба никого да чуди, бидејќи GEELY и во овој момент е најголемиот акционер во компанијата.

Впрочем, зошто оваа информација некого би зачудила ако се земе предвид фактот дека GEELY веќе ги поседува европските компании Volvo Cars, Lotus Cars и London Electric Vehicle Company.

Противниците на ваков расплет се сомневаат дека оваа ситуација може да доведе до губење на специфичниот Британски идентитет на брендот и да префрли дел од производството во Кина.

Реклама