Кинески BYD договори продажба на 5.000 автомобили на еден оператор

273

Се работи за рентална компанијата која ги изнајмува своите возила, по моделот на претплата – FINN која со Кинески BYD договори во следните 10-на месеци да набави 5.000 автомобили.

Договорот предвидува Кинескиот производител на FINN да му ги испорачува своите модели Dolphin, Atto 2, Seal U DM-i, Seal и Sealion 7, додека малиот Dolphin Surf ќе биде достапен веднаш по лансирањето на европскиот пазар.

Оваа соработка со FINN и со останатите рент-а-кар компании ни е многу важна. Особено поради нивната инфраструктура и база на клиенти, преку кои најлесно можеме да допреме до возачите и да им дадеме можност да ги пробаат нашите автомобили, изјави Стела Ли, директорката на BYD за Европа.

Реклама