Обиколницата околу Солун, која го носи името “Flyover”, и која најчесто ја користат туристите на патот кон Халкидики, ќе биде долга околу 12 километри и сериозно ќе го унапреди сообраќајот во источниот дел на Солун.
Особено импресивен ќе биде големиот мост од околу 4 километри, преку кој ќе “прелетуваат” возилата на обиколницата.
Целиот проект, дефиниран како еден од најамбициозните во Владата на Грција треба да чини околу 460 милиони евра, а интересно е да се погледне како целиот овој проект добро напредува.
Погледнете и самите во ова видео “одозгора”.













