Нескршливиот Toм Круз, најави продолжение на “Денови на грмотевицата”

95

Познатиот Американски актер Том Круз, самиот најави дека планира да учествува во второто продолжение на легендарниот тркачки филм “Денови на грмотевицата” кој беше снимен во, веќе, далечната, 1990 година.

Во првиот дел, рамо до рамо со Том Круз играше и Австралиската актерка Никол Кидман, со која подоцна влегоа во брачни води.

Овојпат, според сликата која Круз ја објави на својот инстаграм профил, партнерка најверојатно ќе му биде Ен Хатавеј, која во моментов е бремена и го очекува своето трето дете.

Во фокусот на филмот, повторно ќе биде NASCAR, а идејата за продолжение сигурно е дополнително мотивирано од огромниот успех кој Круз го оствари со продолжението на Топ Ган.

Реклама