Во Ламборгини од мали нозе!

48

Светот на богатите и моќните, функционира на поинаков начин од “обичните смртници”.

Како поинаку да ја протолкуваме најновата серија на 500 специјано дизајнирани колички за бебиња на Ламборгини, кои идеално ќе се вклопат во семејната колекција на тркала.

Количката е направена во соработка со Британската компанија Silver Cross и ќе чини над 5.000 евра.

Покрај заедничките логоа на Ламборгини, и материјалот е направен од истата кожа која може да се најде во моделите на Ламборгини.

Тркалата на количката се направени за да можат да возат по повеќе видови на терен, а за комфорот се грижи и специјален систем за суспензија кој ги амортизира нерамнините.

Дополнителната опрема на количката опфаќа штитници од дожд, штитник од сонце, држач на чаша и мрежа за заштита од комарци.

Фактот што се прават само 500 примероци, јасно зборува за идејата на луѓето од Ламборгини, да створат еден посебен хајп и уникатност кај своите клиенти. Впрочем, количката Reef AL Giallo е поретка од понудата на некои од сериските автомобили на Ламборгини на европскиот исветски пазар.

Реклама