Што покажа Jeep во Париз?

54

Неодамна пишувавме дека брендот Jeep кој сега работи под капата на меѓународната групација Стелантис, најави “нешто ново” за Саемот во Париз.

Фановите побрзаа со шпекулациите, што е тоа што би можело да се крие под плаштот на Американскиот бренд, но се испостави дека освен стратегијата за иднина, Jeep немаше нисто ново и свежо.

Покрај актуелните модели Avenger и Compass, го покажа и својот легендарен Willys џип, а како што најави Ксавиер Пежо, новиот шеф на Jeep за Европа, во компанијата ништо не е исклучено, па во потрагата по што повеќе клиенти на нашиот континент, може да го обноват и лансираат и Willys.

Моделот Willys дефакто е и првиот Jeеp конструиран пред 85 години и наменет за Американската армија.

Ваквиот потег, враќањето на легендарниот Американски автомобил, се чини како координиран обид на Европските производители на возила да се навраќаат на моделите од минатото, со кои ја истакнуваат својата традиција и наследство, а со кои, логично, не можат да се пофалат нивните Азиски конкуренти.

Погледни ја последната епизода на Темпо Магазин :

Реклама