Volkswagen ќе опстане, но на “половина”

317

Volkswagen Групацијата, која последнава година редовно ги полни страниците на бизнис магазините и порталите, беше присутна на Саемот за автомобили во Париз.

На манифестацијата присуствуваше и Томас Шафер, генералниот директор на VW кој објави дека Volkswagen ќе опстане но ќе биде редуциран на половина од своите модели.

Тој дополни дека оваа трансформација ќе се случи постепено до 2035 година, а како една од причините за тоа, во неговиот резигниран говор, Шафер директно ги посочи бирократите од Европската Унија, кои донесоа одлука од 2035 година повеќе да не се произведуваат мотори со внатрешно согорување.

А ако е тоа така, дополни : “Не треба да ве чуди дека по 2035 година нема да постојат Polo и ID. Polo или T-Cross и ID. Cross. Според тоа, трансформацијата ќе дојде автоматски.”

Фото – VW Press

Врз базана овие параметри е работен и бизнис планот во Volkswagen, во кој се поголемо ќе биде електрифицирањето на постоечките и идни модели.

Тој потенцираше дека иднината ја гледа во се поголема соработка на луѓето и на брендовите Volkswagen, Skoda и CUPRA кои се во срцевината на Групацијата.

Тој додаде и дека како генерален директор, ќе мора да ги превземе сите неопходни мерки, колку и да се истите болни, за да ја врати профитабилноста на компанијата.

Според него идните модели ќе бидат организирани во синергиски групи, а ова ќе им помогне на компаниите да не ги дуплираат своите напори и да создаваат модели кои ќе си конкурираат внатре, во рамки на групацијата.

Реклама