Џим Фарли “награден” за рекордната загуба во FORD

734

Генералниот директор на Ford доби покачување на платата и рекорден бонусен пакет во вредност од 27,5 милиони долари, што е за 11% повеќе од претходната, 2024 година.

Овие суми за плата и бонуси, од кои боли главата, не се ништо ново во авто индустријата и веројатно нема никого да зачудат ако се направени во успешна, профитабилна за компанијата година.

Но… за волја на вистината, Џим Фарли беше на кормилото на FORD кој во 2025 година направи рекордна нето загуба од 8,2 милијарди долари!

Фирмата се бори со електрификацијата и со огромен број на отповикувања на возила поради дефекти или откриени грешки на возилата, а и вредноста на акциите е намалена.

Во нето заработката на Фарли се вбројуваат и трошоците од 737,504 долари за лично користење на компанискиот авион и 384,896 долари за личната безбедност во текот на годината.

Извинете, но овие перверзии во корпоративниот свет, навистина не ни се јасни.

Реклама