Доаѓа новиот FREELANDER! Со британска днк и кинеска крв

513

Британската гордост, Jaguar Land Rover, веќе одамна не е “баш” Британски.

Овој ексклузивен автомобилски бренд одамна работи под капата на Индискиот конгломерат TATA.

А сега, ЈLR како резултат на заедничкото партнерство со Кинескиот гигант Chery, на сцена го враќа Freelander. Но, го враќа не како моделско име, туку како суббренд на кинескиот производител на автомобили – Chery.

Во отстуство на официјални информации и фотографии, во автомобилската јавност веќе протекоа некои рендери и можни дизајни на првиот SUV кој беше забележан (иако сериозно маскиран) и фотографиран на ицијалните проверки и краш тестови.

Од она што може да се види “на прва” , неговата коцкеста структура, како во оригиналниот Freelander, останува, а најверојатно моделот ќе има хибриден и електричен мотор.

Ако ги погледнеме рендерите од дизајнерското студио Sugar Design, кои паралелно ги поставиле новиот (претпоставен) дизајн на Freelander, со оној на оригиналниот Freelander, јасно е дека во креацијата на новиот сериозно се внимавало на традицијата на стариот модел од палетата на JLR.

Новиот Freelander ќе ги замени Land Rover Discovery Sport и Range Rover Evoque кои се склопуваат во Кинеската фабрика на JLR-Chery.

По Кина, се очекуа новиот Freelander да започне да е продава и на други пзари, вклучувајќи го и европскиот. Потврдата за тоа доаѓа и во фактот што моделот е развиван и прилагоден на строгите европски EuroNcap норми.

Други содржини на нашиот сајт :

Реклама