Порше и понатаму тоне. Единствената светла точка – 911

124

Според последните информации во првиот семестар од 2026 година (јануари – јуни) Порше продаде 123.000 возила, што претставува пад од 10% споредено со минатата година, која беше прогласена за катастрофална за брендот.

Единствената светла точка во Порше, останува легендарниот модел 911, кој спротивно од брендовскиот тренд покажа раст од 19%, а кај него компанијата се соочува со друг поглед – а тоа е неможноста да се одговори на побарувачката.

Притоа миксот на продадени модели е сосема здрав, и во него влегуваат моделите со високи перфроманси GTS, Turbо и GT.

Во палетата на Порше, релативно позитивен, ако воопшто може така да се каже е и Cayeene, чиј пад на продажбата изнесува 9%.

Најсериозен пад е забележан во Кина, каде вкупната продажба во 2026 година е помала за огромни 32%.

Она што е јасно од продажните бројки е дека на Порше му претстои силна и исцрпувачка битка за темелно реорганизирање и враќање во позитивната зона, доколку тоа е воопшто можно со оглед на кризата во Групацијата, Европа и светот, како и се поизразената конкуренција која притиска од сите страни, особено од Кина.

Реклама