Новиот Renault 5 Turbo 3E распродаден до 2028 година

263

Кога ќе креирате автомобил околу кој врие силна страст, цената не е примарно важна.

Така е и во случајот со Renault 5 Turbo, кој треба да се произведе и продаде во само 1.980 единици, и кој верувале или не, чини застрашувачки 155.000 евра во основната верзија!

И покрај тоа, последните информации велат дека производството на овие автомобили е затворено и алоцирано во следните три години, до 2028 година, како и тоа, дека се веќе резервирани 1.000 автомобили!

Првите порачани единици треба да се произведат и да почнат да се испорачуваат во следната, 2026 година.

Останете на нашата веб страна :

Реклама