Харли за 110.000 долари!

218

Култниот Американски производител на моторцикли,го претстави својот најскап модел во историјата кој ќе чини 110.000 долари!

Фото – Harley Davidson

Се работи за моделот кој ќе биде цивилна реплика на тркачкиот – 2025 CVO Road Glide RR, кој ќе биде не само најскапиот туку и најмоќниот Harely Davidson на сите времиња.

Најсилниот адут на овој моторцикл е неговиот V-twin турбо мотор со зафатнина од 2153 ccm (2.2 литри) и моќност од 153 коњски сили и вртежен момент од 204 Nm.

На моторциклот е вградеn и спортки издув на Akrapovic и сопирачки Brembo.

Фото – Harley Davidson

За максимално задоволство во возењето Harley на овој мотор му додаде и Rockford Fosgate audio систем.

Фото – Harley Davidson

Она што го прави уникатен овој моторцикл е неговата реткост, ќе биде произведен во само 131 примероци, и ќе биден пуштен во продажба само во САД.

Реклама