Volkswagen го претстави новиот голем SUV за секакви намени, популарниот Tayron, кој има можност да биде опремен и регистриран со седум седишта, а може да се избере како благ хибрид, плаг ин хибрид или како опција со бензински и дизел агрегати.

Новиот Tayron, кој е поставен моделски помеѓу Touareg (премиум класа) и Tiguan (класа со средни димензии) може да послужи како одличен семеен автомобил, за кратки и подолги патувања, а со опцијата со погон на сите тркала, може да се вози и во зимски и off-road услови.
Со плаг ин моторот, само на струја, Tayron може да помине до 126 километри, а заедно со бензинскиот мотор со турбо полнење, може да помине до 900 километри, со што се решава проблемот на недоволно развиената мрежа за електрично полнење и ограничената автономија на поголемиот број на електрични автомобили.

Tayron се произведува во фабриката во Волфсбург, што претставува уште една гаранција за квалитетот.
Долг е 4,79 метри, стандардно доаѓа со 5 седишта, но може да се опреми и со 7 комфорни места за седење.
Во стандардната варијанта опремен е со 9 воздуши перничиња, автоматска клима со три зони, инфотејнмент систем со дијагонална димензија од 32 цм, App-Connect Wireless (за Apple CarPlay и Android Auto), 17 инчни алуминиумски тркала.















