Geely влегува и во Германија!

331

Најпродаваниот Кинески бренд на автомобили Geely, конечно влегува на пазарот во Германија.

Иако оваа информација делува помалку чудно, бидејќи кинеските автомобили Geely одлично се продаваат во многу земји на стариот континент, сепак, брендот дури сега објавува дека официјално влегува во лулката на авто индустријата во Европа.

За таа цел Geely, кој ќе оперира под знамето на KOHL Group во Германија, направи специјална забава, во која го најави почетокот на своето работење, дури и пред официјалната регистрација на автомобилите во KBA (Германската Федерална Агенција за Транспорт).

Централата и првиот салон со знаците на Geely беше отворен во Ахен.

На забавата беа поканети многу потенцијални клиенти и партнери со кои брендот може да се развива во Германија.

Се чини дека оваа Кинеска компанија, конечно реши да “нагази” и на пазарот во кој беа прилично активни конкурентите од домашниот и светски пазар – BYD и SAIC (преку брендот MG).

Како што велат во Geely влезот на пазарот во Германија ќе го предводат моделите Geely E5 и Starray EM-i — двата поткрепени со осум годишна гаранција која ја вклучува и батеријата.

И сето тоа се случува во годината, кога за прв пат во историјата, увозот на кинески автомобили во Европа е поголем од увозот на европски автомобили во Кина.

Погледнете ја нашата последна емисија, Темпо Магазин :

Реклама